УО на својата вчерашна седница го прифати предлогот на Комесарот за натпревари Миле Спиркоски за начинот на кој ќе се одвива системот на натпревари во организација на ФФМ во наредниот период.
 
Натпреварувачкиот систем за натпревари би стартувал од натпреварувачката 2009-2010 година.

Системот за натпревари на целата територија на Република Македонија, а во организација на ФФМ би бил :

1. Единствена прва лига со 12 клубови со трокружен систем, како што е и сегашниот систем. Пополнувањето на првата лига ќе остане исто односно двете првопласирани екипи од втората лига изборуваат пласман за првата лига, од првата лига отпаѓаат последните две пласирани екипи (12 и 11) додека 10-то и 9-то пласираните екипи играат бараж со 4-то и 3-то пласираните екипи од втората лига.

2. Единствената втора лига со 16 клубови во натпреварувачката 2008/2009 (согласно Одлуката на УО на ФФМ истата ќе се намалува на 14 екипи во натпреварувачката 2009/2010 и од натпреварувачката 2010/2011 ќе продолжи да се натпреварува со 12 екипи), од која би отпаѓале 3-те последно пласирани клубови.

3. Три трети лига со по 16 клубови. Првите екипи од третите лиги изборуваат пласман за втората лига. Називите на третите лиги би бил : Трета лига 1, Трета лига 2 и Трета лига 3. Составувањето на третите лиги ќе се одвива на следниот начин :

Во трета лига 1 ќе се натпреваруваат клубови од следните ОФС : Прилеп, Битола, Македонски Брод, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Гостивар и Кичево;

Во трета лига 2 ќе се натпреваруваат клубовите од следните ОФС : Тетово, Гази Баба, Кисела Вода, Скопје, Куманово, Липково и Кратово;

Во трета лига 3 ќе се натпреваруваат клубовите од следните ОФС : Струмица, Штип, Гевгелија, Валандово, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип и Кочани.

4. Останатите екипи ќе бидат регулирано со четврти лиги односно општински лига. Општинската лига согласно Правилникот за натпреварување на ФФМ може да биде најмалку 6 екипи.

Извор ffm.com.mk