Следните 48 часа ќе бидат одлучувачки за иднината на чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез во дресот на Арсенал, откако го пропушти гостувањето на „топчиите“ на Виталити стадионот кои изгубија со 2-1.

Компликуваната ситуацијата околу Алексис Санчез ја потврди менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер кој изјави дека намерно го изоставил Чилеанецот од составот за дуелот со Бурнмаут.

Најсериозен кандидат за ангажман на Алексис Санчез е Манчестер Јунајтед покрај големиот интерес на Манчестер Сити. Во последен миг во трката за потписот на Чилеанецот се уклучи и Ливерпу кој ја изедначи понудата на „црвените ѓаволи“.

Како што стојат работите Арсенал ќе прифати една од понудите за Алексис Санчез, бидејќи во случај да не прифати, а фудбалерот одбие да ја продолжи соработката со „топчиите“ во летниот преоден рок без оштета ќе засили клуб тој што ќе посака.

OhridNews