Следните натпревари со Беневенто, градското дерби со Милан и дуелот со лидерот во Серија А, Наполи ќе бидат одлучувачки за иднината на Лучијано Спалети на клупата од Интер.

„Нероазурите“ имаа фантастична полусезона во Серија А и беа рамо до рамо со Наполи и Јувентус на врвот од табелата. Но, клубот неочекувано влезе во резултатска криза, победи на еден од последните девет натпревари и од позицијата на лидер падна на петтата место на табелата.

Спалети во двата од трите мечеви кои следуваат ќе има ѓаволска тешка задача. Лутиот ривал Милан влезе во извондредна форма, а Наполи води битка со Јувентус во самиот врв и секој бод им драгоцен.

58-годишниот стратег кормилото на Интер го презеде сезонава, откако го раскина договорот со Рома. Спалети и почетокот на сезоната ветуваа многу за Интер, но очигледно пласман во ЛШ ќе биде голем успех за „нероазурите“.

OhridNews