По малото освежување следи период на сончево и многу топло време со температури над 30 степени Целзиусови. Во Охрид денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 30 степеним, информира УХМР.

Во петок не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне 31 степен.

Г.М.