Управата за хидрометеоролошки работи најави дека денеска ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 13 степени.
Следува период на променливо облачно време, повремено со појава на дожд претежно во западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен претежно јужен до југозападен ветер кој поинтензивен ќе биде во понеделник.
Услови за поинтензивен дожд ќе има кон крајот на работната недела.
OhridNews