Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени, информира УХМР.
Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 27 степени.
Според најавеното, од утре следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
OhridNews