Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 1 до 6, а максималната од 17 до 23 степени.
Следува период на стабилно, суво и топло време. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни, а дневните на повеќе места ќе надминуваат 20 степени.
Најтопло се очекува во петок и сабота, кога максималната температура ќе се движи од 20 до 26 степени.
OhridNews