Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и студено, во северните планински делови со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени.

Во Охрид сончево до умерено облачно, со повремен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Од утре ќе преовладува студено и променливо облачно, повремено ветровито време. Засилен северен ветер ќе дува во вторник и ќе има краткотрајни врнежи претежно од снег, а од четврток врнежите од снег ќе бидат повремени и со умерен интензитет, информира УХМР.

OhridNews