Од утре земјава ќе биде под влијание на студен бран, кој ќе донесе врнежи и значително опаѓање на температурите.
Во понеделник не очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег.
Минималната температуира во Охрид ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 12 степени.
Во вторник, исто така, не очекува променливо облачно и студено време, со силен ветер од северен правец, на повеќе места со брзина и над 70 км/час. Во југозападните и крајните западни делови со услави за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе се движи околу нулата, а максималната до 6 степени.
Во среда ќе биде уште постудено. Утринската температура ќе се спушти до -6, а максиманта ќе достигне до 2 степена, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
OhridNews