Според информацијата на УХМР, утре времето во земјава ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер кој краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура во Охрид ќе биде 2, а максималната 13.

Во наредните три дена ќе продолжи сончевото време, проследено со слаб до умерен североисточен ветер.

Минималната температура во Охрид ќе биде од 2 до 5 степени, а максималната од 12 до 16 степени целзиусови.

OhridNews