Бугарскиот тим Сливенски хеори ќе одигра пријателски натпревар со Охрид ‘ 04 на “СРЦ Билјанини Извори“. Натпреварот против бугарскиот тим кој е лидер во третата лига јуозапад ќе биде прв меч против бугарска екипа за охриѓани во поновата фудбалска историја.


Членовите на фудбалскиот клуб во рамките на посетата во Охрид ќе го посетат спомен обележјето на Кејот на езерото и ќе положат свежо цвеќе во чест на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа која се случи на 5 септември 2009 година кога животот во водите на Охридското Езеро го загубија 15 бугарски туристи.

Стартот на пријателската средба ќе биде во 13 часот.

М.П.