Поразот на Македонија во пријателскиот натпревар со Луксембург, ја чинеше пад од едно место на ФИФА ранг листата. “Црвено жолтите“ моментално се наоѓаат на 102 место, кое најлош пласман на селекцијата воопшто.

Македонија во квалификациите за СП, Бразил 2014 е најслаба рангирана репрезентација. Репрезентацијата на Хрватска е 10-та, Србија (26), Белгија (40), Велс (48) и
Шкотска (51).

Прва селекција во светот е актуелни владетел на светскиот и европскиот фудбал, Шпанија, втора е Холандија. Германија е трета додека првакот во Јужна Америка, Уругвај е чтврти, петта е Англија, а шеста е Португалија следниот противник на Македонија.

Мх.П.