Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо повеќе од единаесет месеци нема постигнато погодок од слободен удар или поточно од 29 април 2014 година.
Тогаш, Португалецот го постигна јубилејниот педесетти погодок од слободен удар и неверојатно застана на таа бројка.
Од крајот на април минатата година до сега Роналдо од слободен удар се обидел 51 пат. 21 завршиле во ѕидот, 14 покрај или над голот, а 16 одбраниле голманите или пак ја погодил пречката или стативата.
Во досегашната кариера португалскиот репрезентативец има постигнато 409 голови на 575 натпревари, а зад неговото име стојат и 166 асистенции.
Во продолжение уживајте во педесетте голови на Роналдо од слободен удар.
Ohridnews