Слонот Санти од Националната зоолошка градина во Вашингтон знаел да свири хармоника со сурлата. Азиската слоница која имала 36 години свирела на хармоника која била ставена на нејзиниот кафез.
Чуварот Деби Флинкмен рекла дека Санти е музички талентирана и дека свири свои песни. Санти исто така сакала да удира по предметите, да мафта со ушите и да ги трие нозете како би произвела звуци. Флинкмен додала дека таа не ја тера слоницата да свири, туку дека тоа било нешто во што санти уживала. Санти била подарок од зоолошката градина од Шри Ланка.