Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава, Ивета Хрицова.
Соговорниците ги разгледуваа можностите за потпишување Меморандум за соработка помеѓу Охрид и Нитра, градовите од Македонија и Словачка кои ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости. Се разговараше и за учество на словачки уметници и словачка ноќ на најпрестижната културна манифестација кај нас, фестивалот „Охридско лето“, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека биле разменети мислења и за актуелните политички случувања во земјава и регионов.
OhridNews