Во рамки на официјалната посета на висока делегација на Црвен крст Словенија, на Црвениот крст на Македонија, гостите од Словенија утре, ќе го посетат и општинскиот Црвен крст каде со раководството ќе разменат искуства за начинот на организирање и спроведување на активностите од повеќе области на делување на Црвениот крст.

На средбата, која ќе се одржи во просториите на општинскиот Црвен крст со почеток во 10 часот и 30 минути, ќе се разговара за давањето прва помош, крводарителството, подготвеноста и дејствување при катастрофи, млади.

OhridNews