Слововенецот Роберт, Певник е новиот Шеф на стручниот штаб на Работнички. Певник (42) е поранешен професионален фудбалер, со богато меѓународно искуство во повеќе клубови, а воедно и поранешен репрезентативец во националанта репрезентација на Словенија.

Во својата тренерска кариера најголем успех постигнал со екипата на ФК Домжале, во натпреварувачката 2008/2009 сезона, ја води низ квалификациите во УЕФА Лигата на шампионите, а со ФК Олимпија се квалификува во УЕФА Лигата на Европа.Т ренерското искуство го стекнува покрај Бојан Прашникар, долгогодишен селектор и најтрофеен тренер во Словенија.

Со Роберт Певник кој доаѓа на местото на поранеѓниот селектор Ѓоре Јованоски потпишан е шестмесечен договор, со можност за продолжување на соработката во дополнителни 2 години.

Ohridnews