Селекциите на Словенија и Шпанија обезбедија пласман во полуфиналето на Евробаскетот, откако во четвртфиналните дуели ги совладаа Латвија (103-97) односно Германија (84-72).
„Црвената фурија“ до ТОП 4 ја предводеше братскиот тандем По и Марк Гасол, кој беше нерешлива енигма за германците. Марк постигна 29 поени и додаде 10 скокови, додека По реализираше 19. Во составот на Германија најпрецизен беше Шредер со 28 кошеви.
Словенците излегоа поефикасни во трилер мечот со Латвија во кој двете селекции постигнаа вкупно 200 кошеви. „Змајчеките“ реализираа шест повеќе и се пласираа меѓу најдобрите четири на стариот континент.
Останатите два полуфиналисти на Евробаскетот ќе бидат познати по одигрувањето на преостанатите четвртфинални мечеви помеѓу Грција – Русија односно Италија – Србија.
OhridNews