Европскиот ракометен вицепрвак Шпанија нема да патува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро кои ќе се одржат во осмиот месец од оваа година.
„Црвената фурија“ цели 40 години континуирано беше дел од завршните мечеви, но Словенија и Шведска ставија точка на најдолгата серија во историјата на ракометот.
Во втората група трите селекции заврши со ист број на бодови вкупно четири, но шпанците испаднаа поради послабата гол разлика во мини табелата.
Од првата група каде што беше и Македонија, на Олимписките игри патуваат Полска и Тунис додека од третата група Данска и Хрватска.
Резултати:
Група 1: Полска 6, Тунис 4, Македонија 2, Чиле 0.
Група 2: Словенија 4, Шведска 4, Шпанија 4, Иран 0
Група: Данска 5, Хрватска 4, Норвешка 3, Бахреин 0
OhridNews