Селекцијата на Словенија е првиот финалист на Евробаскетот. „Змајчеките“ за пласман во големото финале ја совладаа репрезентацијата на Шпанија со убедливи 92-72 (25-19, 24-26, 24-12, 19-15).
Словенците од самиот старт наметнаа брз ритам и му создадоа големи проблеми на шпанските супер ѕвезди. Првиот дел го добија со шест поени плус (25-19).
Во вториот период „црвената фурија“ се консолидираше и го доби со два поени разлика 26-24 и на одмор замина со негатива од четири поени.
Третиот квартал комплетно им припадна на словенските кошаркари кои ја растурија Шпанија во буквална смисла на зборот. Словенците постигна дупло повеќе кошеви од противникот (24-12) и обезбедија двоцифрена предност пред последните десет минути.
Во нив кошаркарите на Словенија не се опуштија туку ја дотолчија Шпанија со 19-15 за конечна победа 92-72.
Во финалето Словенија ќе се сретне со победникот од вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат Русија – Србија.
OhridNews