Селекцијата на Словенија е новиот кошаркарски шампион на Европа. „Змајчеките“ во големото финале по голема и исцрпна борба ја совлада Србија со 93-85 (20-22, 36-25, 15-20, 22-18).

Златниот медал на словенците е сензација на Евробаскетот, бидејќи никој не ги вбројуваше помеѓу фаворитите за висок пласман.

Среќата им се насмевна на кошаркарите на Словенија кои во првото финале го освоија златниот медал, додека србите претрпуваат трет пораз во серија во финале на големите собири.

Финалето подобро го отворија србите и првиот период го добија со минимални 22-20. Во вториот словенците го презедоа водството и на одмор заминаа со предност од девет поени (56-47).

На стартот од третиот квартал словенците стекнаа и двоцифрена предност, но до крајот „орлите“ успеаја да спуштат на четири поени.

Во последните десет минути Србија изедначи и поведе во еден момент, а словенците со пресврт во финишот го презедоа повторно водството и приредија сензација.

Третото место на Евробаскетот кој се одржа во четири земји го освои Шпанија совладувајќи ја Русија.

OhridNews