Случаен минувач, вчера, околу 15 часот, на патот кон струшкото село Вишни пронашол рачна бомба, за што веднаш била известена полицијата.

Од СВР информираат дека рачната бомба по пријавувањето била подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и била одложена на безбедно место, по што ќе биде и уништена.

OhridNews