Ниту еден избор на Златната топка во организација на ФИФА неможе да помине без да се крене голема прашина после завршувањето.
По објавувањето на ФИФА како гласале капитените на репрезентациите и селекторите веднаш во јавноста се обрати турскиот репрезентативец Арда Туран, кој не гласал така како што е објавено.
– Категорично кажувам дека гласав за Симеоне за најдобар тренер и Кристијано Роналдо за најдобар фудбалер. За мене, Симеоне е најдобар тренер во светот и не дадов глас за Мурињо како што стои на листата – рече Туран.
Сличен проблем имаше и поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев, кој гласаше за едни, а на листата се појави други фудбалери и тренери.
Мх.П.