Максуд Али-еден од кандидатите кои не го положија стручниот испит за државен служебник во општинската администрација, на прес конференција што се одржа денеска, обвини за незаконски дејствија околу спроведувањето на стручниот испит од страна на општината.

Тој потенцира дека е компетентен и стручен да одговори на работните обврски и задачи со оглед на неговот огромно искуство во приватна банка, компанија и како заменик-министер за финасии, односно контрола и евиденција на исплата во Секторот за сметководство и плаќање во општина Охрид.

„Свесен сум за последиците и одговорноста, додека логично ми трае вработувањето во општина Охрид. Јас тргнувајќи од етички и етнички причини, се одлучив да оддржам прес-конференција, да ги запознам граѓаните и јавноста, посебно претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски.“ – потенцира Али.

Тој истакна дека воопшто не се почитува Охридскиот рамковен договор, потенцирајќи дека се маргинализираат помалите етнички заедници за сметка на поголемите.

„Во услови кога во Македонија после 13 години не се спроведува Охридскиот рамковен договор, дојдовме до тоа да се бркаат вработени во администрацијата. Младите Македонци можат да се вработат во државна служба, а јас со мојата сопруга 60 години чекаме шанса да се вработиме во државната служба, после овој тежок процес да не можеме да се здобиеме со статус на државен службеник.“ – истакна Али.

Меѓудругото, тој обвини дека пред стурчниот испит се оддржал политички говор, поради што испитот бил пролонгиран за половина час, за што го запознал и градоначалникот Бакрачески.

„Верувајте, за овој потег веднаш наредниот ден го запознав самиот градоначалникот, му предадов писмо, околу организацијата на стручниот испит во општина Охрид. Пенкалата ни се одзедоа, ни дадоа едни исти пенкала. Ова асоцира на штелување на резултатите. Како да не асоцира, кога во денешно време, време на компјутери и интернет, ние рачно полагавме.“ – рече Али.

Тој додаде дека целта е да се избркаат вработените луѓе во општината кои имаат статус-кандидат за државни служебеници.

„Ние божем решаваме социјални случаи, а нови раѓаме.“ – додаде Али.

Како што посочи Максуд Али, оние кандидати кои не го положиле стурчниот испит за државен службеник, се соочуваат со престанок на договорите за работа во општинската администрација. Тој најави дека ќе ги искористи сите правни лекови и низ институциите ќе се бори за своите права.

О.Т.