Дежурните служби при јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ од синоќа постојано се на терен.

Согласно Програмата за зимско одржување  на територија на општина Охрид за 2019, со абразивни средства се третираат најпрво улицитe со највисок приоритет и ризик во зимски услови, а потоа се опфатени и останатите.

Опфатени се улиците во централното градско подрачје и главните сообраќајници, стариот дел од градот, населбата „Гоце Делчев„ (Бараки), населба „Радојца Новичиќ„ и приградските населби: Велестово, Долно Коњско, Елшани , Горно и Долно Лакочереј и Велгошти.