Откако не се вратил дома во текот на вчерашниот ден, 53- годишниот служител во основното училиште во струшкото село Лабуништа, бил пронајден мртов, утрово, околу 5 часот во кругот на школото.

Случајот го потврдија од СВР Охрид од каде потенцираат дека станува збор за природна смрт.

– Врз телото на починатиот не се откриени траги на насилство, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews