
Апликациите можат да се поднесат директно до седиштето на министерството во Скопје или да се испратат по пошта. Потребната документација, согласно видот на лиценцата, е објавена на веб страницата www.finance.gov.mk .
Министерството за финансии издава три вида лиценци согласно образованието и работното искуство:
1. Привременото уверение за сметководител се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или пак високо образование и 1 година работно искуство.
2. Привременото уверение за овластен сметководител се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, вишо образование и работно искуство од 8 години, или високо образование и 3 години работно искуство.
3. Трајно уверение за сметководител или овластен сметководител, се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи.
Досега, Министерството за финансии има издадено над 10 илјади уверенија за сметководители.
OhridNews












