Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги осуди настаните во Струга, Октиси и Лабуништа и смета дека тие имаат за цел дестабилизација на земјата заради пописот, промена на името на државата и идентитетот на нацијата и дефокусирање од пресудата на Меѓународниот суд во Хаг против Грција.

СКМ апелира граѓаните да ги почитуваат туѓите имоти и животи и да се воздржат од злоупотреба на верското уверување и етничкото потекло, а  надлежните органи најбрзо да ги расчистат случаите и пронајдат и најстрого казнат сторителите, но и да ги засилат мерките и присуството заради јавниот ред и мир на граѓаните.

СМК меѓудругото, изразува жалење за маските на карневалот во Вевчани на верска основа кои предизвикале повреда на верските чувства на граѓани на Република Македонија и како морална обврска јавно се извинува до муслиманите поради тоа. СМК смета дека секој учесник на јавна манифестација треба да внимава на своето однесување поради ризик од поттикнување и разгорување на расна, етничка и верска омраза, раздор и нетрпеливост.

СМК смета дека протестите и реакциите против расната, етничката и верската омраза, раздор и нетрпеливост не смеат да го повторуваат истото кривично дело, заради што апелира организаторите на јавни манифестации да преземат мерки за спречување на поединци и активности кои поттикнуваат и разгоруваат расна, етничка и верска омраза, раздор и нетрпеливост.

OhridNews