Радоста на Манчестер Јунајтед за триумфот над Вест Хем кратко траеше, откако почина навивач кој бил дел од навивачката група од „ѓаволите“ во Лондон.
64-годишниот жител од Манчестер се пожалил на болки и лошење и веднаш бил префрлен во болница, но таму веќе само ја констатирале смрта на несреќниот навивач.
Клубот од Олд Трафорд преку социјалните мрежи ја информираше јавноста и испрати сочуство до фамилијата, а веднаш потоа се приклучи и Вест Хем.
Инаку, пулените на Жозе Мурињо ја забележаа шестата победа во серија, совладувајќи го Вест Хем (2-0) со головите на Хуан Мата и Златан Ибрахимовиќ.
Јунајтед не запира, Вест Хем на менито од „црвените ѓаволи“ (видео)
OhridNews