По официјализирањето на договорот меѓу Петер Чех и Арсенал навивачите на Челси не останаа рамнодушни и преку социјалните мрежи му упатија смртни закани.


Ривалството меѓу двата лондоски клуба се разжешти последниве години по неколкуте вербални расправии на менаџерите Жозе Мурињо и Арсен Венгер.

Чех по доаѓањето на Тибо Куртоа во Челси падна во втор план и трансферот е реален и во голема мера очекуван, но навивачите не можат да се помират дека го засили градскиот ривал.

За разлика од навивачите некогашните соиграчи на Чех во Челси му честитаа за десетгодишната верност и многуте заеднички успеси во „синиот“ дрес.

Ohridnews