Пред околу половина час, во црквата Св. Никола во Октиси, испишани се графити со погрдни и навредливи пораки на ѕидот од црквата како и на бетонскиот надворешен зид.
Со спреј, напишано е „Каури, за вас само смрт“ -информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот ќе извршат истражни органи, а просторот каде е извршен вандалскиот чин го обезбедуваат полициски службеници.