Натпреварот помеѓу Аргентина и Израел кој требаше да биде генералка за „гаучосите“ во пресрет на Мундијалот во Русија е откажан поради смртните закани кои биле упатени кон Лионел Меси и останатите репрезентативци.
Натпреварот требаше да се игра в сабота, а аргентинската влада пресече и не ги пушти фудбалери да отпатуваат во Ерусалим, откако не им беше гарантирано за нивната безбедност.
– После разговорите со Аргентинската фудбалска федерација одлучувме дека не е пожелно да отпатуваат во Израел. Нашата земја секогаш тежнее за соживот, но овде во прашање беа животите на нашите преставници и веднаш донесовме одлука. – стои во соопштението од аргентинската влада.
Аргентина на престојното СП во Русија ќе атакува на висок пласман, а во групата „гаучосите“ се наоѓаат со Исланд, Хрватска и Нигерија.
OhridNews