Две лица во Франција починаа од хормонскиот препарат „Диане 35“, додека една девојка во Хрватска едвај преживеала откако лекот кој требало да и помогне предизвикал тромбоза на раката.

Според фарамколозите, лекот треба да се препишува исклучиво за таа намена, а не како средство за контрацепција, бидејќи долготрајната употреба го зголемува ризикот од појава на тромбоза, пренесува Нова ТВ.
„Во упатството на лекот прва работа која што стои е дека лекот може да предизика венска или артериска тромбоза. Од тие причини лекарите треба да го имаат тоа во предвид и внимателнно да го даваат лекот, само во ситуации кога е неопходен.“ – вели директорот на Институтот за Фармакологија Никола Лабачевски за Нова.
Иако Француската агенција за храна и лекови го забрани овој препарат, здравствените власти во земјава се уште нема да го испитуваат, бидејќи до сега не бил пријавен случај со несакано дејство.
OhridNews












