
Како што ни изјавија од болницата, лицето настрадало во засега неразјаснети околности и се здобило со повреда на колкот и помал потрес на мозокот. -Не се утврдени повреди настанати од сообраќајна несреќа, ни изјавија од Консозглобна. Повредениот денеска бил во добра здравствена состојба и бил контактибилен
И полицијата тврди дека лицето кое синоќа било пронајдено на коловозот кај Ботун не настрадало во сообраќајна несреќа. Според првичните информации од истрагата, лицето било во алкохолизирана состојба и паднало од велосипед.
-Не се пронајдени траги од возило, удар или други докази и предмети кои можат да се поврзат со сообраќајна несреќа.-информираат од СВР Охрид.
Оттаму додаваат дека, за да се отфрлат секакви сомнежи, ќе биде извршено дополнително криминалистичко вештачење.











