59-годишен жител на охридското село Песочан, синоќа бил пронајден во бесознание како речиси смрзнат лежи на коловозот на магистралниот пат Охрид – Кичево кај селото Ботун. Го забележале патници од возило кое поминувало на ова место. Веднаш била повикана итната медицинска помош која лицето го пренела во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Како што ни изјавија од болницата, лицето настрадало во засега неразјаснети околности и се здобило со повреда на колкот и помал потрес на мозокот. -Не се утврдени повреди настанати од сообраќајна несреќа, ни изјавија од Консозглобна. Повредениот денеска бил во добра здравствена состојба и бил контактибилен

И полицијата тврди дека лицето кое синоќа било пронајдено на коловозот кај Ботун не настрадало во сообраќајна несреќа. Според првичните информации од истрагата, лицето било во алкохолизирана состојба  и паднало од велосипед.

-Не се пронајдени траги од возило, удар или други докази и предмети кои можат да се поврзат со сообраќајна несреќа.-информираат од СВР Охрид.

Оттаму додаваат дека, за да се отфрлат секакви сомнежи, ќе биде извршено дополнително криминалистичко вештачење.

OhridNews