
Од АЕК со објаснување дека цената на пораките треба да се намали со оглед на тоа дека Македонија е меѓу европските земји што имаат поголеми големопродажни цени. Кај нас големопродажната цена сега е 3,25 евроценти. Во Франција е 1 евроцент, во Полска 1,22, а во Данска е 1,07 евроцент. Агенцијата побара од трите мобилни оператори цените за интерконекција што ги нудат да бидат базирани на трошоците и смета дека нивните сегашни цени не се соодветни на реалните трошоци.
Според податоците на АЕК забележително е опаѓање на бројот на испратените пораки ,додека пак со намалување на цените на разговорите, се повеќе претплатници сметаат дека е поевтино да се сврти некој број отколку да се прати порака.
OhridNews
извор:Дневник












