Со двата погодоци на Весли Снајдер во 88-та и 90-та Галатасарај со 2-1 го совлада Фенербахче во градската истанбулската пресметка.


Мрежите мируваа се до 88-та минута кога холаднскиот репрезентативец прв пат ја затресе мрежата.


Во првата минута од судиското продолжение Снајдер погоди уште еднаш и обезбеди победа во градската пресметка.

Фенербахче, кој играше со фудбалер помалку од 60-та минута во последните мигови од мечот преку Потук постигна почесен погодок.

Македонскиот интернационалец Горан Пандев беше во составот, но, мечот го преседа на клупата.

Мх.П.