Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози насекаде. Врнежи од снег на коловозот се бележат на планинските превои Стража, Маврово, Попова Шапка, Буково, Ѓавато и Пресека.

На повисоките делови на планинскиот превој Плетвар има појава на магла и видливоста е намалена до 100 метри. Почеста е појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини.

АМСМ ги потсетува возачите дека од 15.11.2011 започна нивната законска обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15.03.2012 година.

OhridNews