Студениот бран што ја зафати Македонија го донесе првиот снег на планините околу Охридското Езеро. Утрово под бела покривка осамна и планината Петрино.

Денеска ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните делови, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени. Во Охрид максималната ќе достигне до 12 степени.

Во недела преку денот ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекува значително заладување со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините. Потоа од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата, информира УХМР.

OhridNews