Времето денеска ќе се задржи претежно облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките ќе се формира снежна покривка, особено во северозападните делови. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 10 степени Целзиусови.
Од среда во текот на денот ќе има постепено намалување на облачноста и дневната температура ќе биде во пораст, информира УХМР Македонија.
OhridNews
фото: Архива












