Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ. Врнежи од снег со слаб интензитет, кој не се задржува на коловозот има на Попова Шапка, Маврово, Крушево и на планинските премини Стража, Плетвар и Пресека.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На регионалниот пат Виница – Берово, кај Крслаџиски Мост сообраќајот се одвива назименично, по една коловозна лента, поради сообраќајна незгода.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
OhridNews