Туристите во француските Алпи биле изненадени од ретка временска појава во овој период од годината, снег. Делови од највисокоите планини во Европа утрово изгледале како да станува збор за зимска, а не за летна сезона.

Дневникот „Дафин Либер“ наведува дека туристите во гратчето  Розије во продавниците барале санки како би можеле да се забавуваат на снегот кој ги изненадил. Во одморалиштата Тине и Валдизер снегот ги „уништил“ шансите за параглајдинг и велосипедски трки.