Снежните врнежи и студеното време според надлежните ќе придонесе за стабилизирање на водостојот на Охридското Езеро и реките во охридско-струшкиот регион.
– Немаме пораст на нивото на Охридското Езеро кое веќе неколку дена се наоѓа на 693,99 метри надморска височина(+24 цм. над макс.кота). Временската прогноза за деновите што следи може да ја оцениме како поволна затоа што следи заладување и врнежи од снег, така што очекуваме од следната недела можеби да почне и да се намалува водостојот на Охридското Езеро, изјави Мтодија Томевски, директор на Управата за водостопанство.