Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива забавено и отежнато, во зимски услови, по влажни коловози. Патниот правец Струмица – Берово е во целосен прекин поради големи наноси на снег кој се задржува на коловозот. Патниот правец Р112 Гевгелија – Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожув се уште се расчистува.

На возачите им препорачуваме внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Ова особено се однесува за патните правци Маврово – Дебар – Струга, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има честа појава на одрони. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини не се забележани подолготрајни задржувања, информираат од АМСМ.

OhridNews