
Оттаму појаснуваат дека, согласно член 19 од Законот за комуналните дејности во случај на прекин на давање на комуналните услуги поради виша сила или други причини кои не можеле да се предвидат или спречат, давателот на комуналните услуги меѓу другото е должен без одлагање да преземе итни мерки за отстранување на причините кои довеле до прекин во давањето на комуналните услуги.
-Со оглед на тоа да дваесетина дена не беа отстранети причините кои доведоа до прекин на комуналната услуга, односно не беа исчистени патиштата и улиците и истите во најголем дел беа тешко проодни, а имајќи го во предвид основното начело според кое надоместок ( цена ) се плаќа само за добиена услуга, како советничка група на СДСМ во Советот на општина Дебрца предлагаме и бараме јавното претпријатие корисниците на услугата да ги ослободи од обврската за плаќање на надоместокот за периодот во кој не е вршена комуналната услуга, собирање на комуналниот отпад.-стои во соопштението на советничката група на СДСМ – Дебрца.
ЈП за комунална дејност Дебрца, општина Дебрца, ги отфрла ваквите наводи.
-Сакаме да ја информираме јавноста, а и советничката група на СДСМ Дебрца дека отпадот во општината се подига согласно распоредот за подигање на комунален отпад во зимски услови на населени места во оние денови во кои е предвидена таа активост. Поради вондредните зимски услови во одредени населени места во повисоките делови со потешкотии се подига отпадот во овој период каде што отпадот не беше подигнат неколку денови, а не 20 денови како што известуваат со именуваната советничка група. За таа цел камионот поминува и во деновите од викендот со што би се овозможило да се нормализира состојбата во давањето на комуналната услуга.-стои во соопштението на ЈП за комунална дејност Дебрца, општина Дебрца.
OhridNews











