Снегот кој непрекинато паѓа од утрово во Охрид, го отежна одвивањето на сообраќајот и животот во градот. Снегот е сум а надворешната температура е длабоко во минус, поради што се препорачува крајна внимателност на учесниците во сообраќајот и при движењето пеш низ градот.

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” од рано утринава се на терен и спроведуваат активности за чистење на снегот и нанесување на абразивни средства на главните сообраќајници. сто така беше извршено прскање со средство против замрзнување на улиците кои се наоѓаат во повисоките делови на градот. – информира градоначалникот Константин Георгиески.

До крајот на денот се очеклува висината на снежната покривка во Охридскиот регион да достигне 20 – 30 см. На планините таа ќе биде повисока.

OhridNews