Снежна идила во село Турје. Во пресрет на најавите за снег, екипите на ЈПКД и Општина Дебрца се спремни за теренски активности, информира градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи снежна покривка од 90 сантиметри има и на Попова Шапка, во Маврово 21 и 11 во Крушево.

Врнежи од снег се очекува и денес на планините и на некои повисоки места.

OhridNews