Покрај сообраќајниците, снегот се расчистува и од јавните пешачки површини со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Се расчистува снегот од тротоарите вдолж „Булевар Туристичка”, централното градско подрачје и Стар Град, велат од претпријатието.

Воедно потсетуваат на законската обврска на граѓаните и правните субјекти која ја имаат согласно Законот за јавна чистота да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.

OhridNews