Снежната покривка во Охрид изнесува 17 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура измерена во 07 часот е – 4 степени.

На Попова Шапка утрово е и најстудено 10 степени под нулата, -8 се измерени во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Претор, -3 Тетово, Дебар и Виница, -2 во Скопје, Куманово и Штип, -1 во Велес, Кавадарци, Струмица и Демир Капија, а 0 во Гевгелија.
Од УХМР предупредуваат дека денес особено во југозападните и понекаде во јужните делови од земјата ќе има врнежи од снег со повремено умерен интензитет.
OhridNews











