Невреме проследено со обилни врнежи од снег, силен ветер и ниски температури го зафати Балканот. Најлошо погодени се Романија и Бугарија каде многу патишта се блокирани поради врнежи од снег и ветер,а голем број населени места се без електрична енергија и отсечени од светот.

Невремето зафати делови од Црна Гора и Македонија каде најголеми проблеми има во беровскиот регион. Поради големите наноси од снег затворен за сообраќај е патот Берово – Струмица.

Според најавите на метеоролозите викендов се очекуваат екетрмно ниски температури на Балканот и во Македонија, кои на места ќе се спуштат и до -20 степени Целзиусови.

OhridNews